• сабота, 23 ноември 2024

ОН почнува истрага за можни руски воени злосторства во Украина

ОН почнува истрага за можни руски воени злосторства во Украина
Женева, 12 мај 2022 (МИА) - Советот за човекови права при Обединетите нации усвои резолуција со која се наредува започнување истрага за можни воени злосторства извршени од руски војници во регионот на Киев и на други места. Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева, со 33 гласа „за“, два против и 12 воздржани, усвои резолуција со која и се наложува на истражната комисија да ги испита настаните околу Киев и другите области, како Суми, кои беа под привремена контрола на руски војници. Русија неодамна беше исклучена од Советот, со можност да присуствува на седницата како набљудувач, но - во знак на протест поради резолуцијата, за која тврди дека е политички реваншизам - одлучи да не учествува на денешната седница. Кина, заедно со Еритреја, гласаа против резолуцијата. ссм/

Остани поврзан