• четврток, 26 декември 2024

ОН покренува истрага за кршење на човековите права на пелестинските територии

ОН покренува истрага за кршење на човековите права на пелестинските територии
Женева, 27 мај 2021 (МИА) - Советот за човекови права на ОН донесе одлука да почне меѓународна истрага за кршење на човековите права на палестинските територии и во Израел од почетокот на април, како и да се истражат корените на тензиите. Француските медиуми јавуваат дека резолуцијата за истрагата е усвоена на вонредниот состанок на Советот за човекови права со 24 гласа „за“, девет „против“ и 14 „воздржани“ и тоа на барање на Пакистан, во името на Организацијата за исламска соработка и палестинските власти. Резолуцијата, која Израел речиси сигурно нема да ја почитува, бара создавање постојана „истражна комисија“, најмоќната алатка што му е достапна на Советот за следење и известување за кршење на човековите права, јавија американските медиуми, додавајќи дека ова ќе биде прва комисија со ваков мандат. На отворањето на состанокот, високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет, рече дека израелските сили можеби извршиле воени злосторства и го критикуваше палестинскотот исламистичко движење Хамас за кршење на меѓународното право за време на 11-дневната војна што заврши минатиот петок со прекин на огнот. Комисијата, исто така, ќе ги испита „причините за периодичните тензии, нестабилноста и долготрајниот конфликт“, вклучително и дискриминација и репресија. Кина и Русија гласаа „за“, а неколку западни и африкански земји гласаа против, пренесуваат американските медиуми. сд/

Остани поврзан