• среда, 25 декември 2024

ОН под притисок да забрани климатски самити во фосилно зависни земји

ОН под притисок да забрани климатски самити во фосилно зависни земји

Њујорк, 15 ноември 2024 (МИА) - Научници и политичари побараа од Обединетите нации да ги исклучат државите кои го поддржуваат производството на фосилни горива од организирање конференциите за климатски промени. Апелот е објавен за време на КОП29 што се одржува во главниот град на Азербејџан - Баку.

Организацијата Kick Big Polluters Out откри дека оваа година на самитот учествуваат 1.773 лобисти за нафта, гас и јаглен. Според анализата, овие лобисти добиле повеќе акредитации од сите делегации на десетте најзагрозени држави од климатските промени.

Критики доби и домаќинот Азербејџан, чија економија зависи 90 отсто од нафта и гас.

Во отворено писмо до ОН, активистите бараат критериуми за исклучување на држави кои не поддржуваат напуштање на фосилните горива.

Од друга страна, владата на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, кој ги негира климатските промени, ги повлече своите претставници од COP29. Ова е последно во низата контроверзии околу глобалната борба против климатските промени. ссм/

фото: архива

Остани поврзан