• четврток, 26 декември 2024

ОН: Повеќе од половина од структурите во Газа се уништени или оштетени

ОН: Повеќе од половина од структурите во Газа се уништени или оштетени

Газа, 3 јуни 2024 (МИА) - Околу 55 отсто од сите објекти во Појасот Газа се уништени или оштетени од избувнувањето на конфликтот на палестинската територија пред осум месеци, според прелиминарната сателитска анализа на ОН. Анализата покажа дека се погодени повеќе од 137.000 згради, објави УНОСАТ, агенцијата за сателитски анализи на ОН, на „X“.

Проценката се заснова на сателитска снимка направена на 3 мај и споредена со снимките направени во мај една година порано, лани во септември и на 15 октомври, нешто повеќе од една недела по нападот на Хамас на 7 октомври врз Израел.

Новата сателитска снимка, исто така, беше споредена со снимките направени во текот на неколку датуми во ноември, потоа повторно во текот на првите месеци од оваа година, соопшти УНОСАТ.

-Според анализата на сателитски снимки, УНОСАТ идентификувани се 36.591 уништени објекти, се вели во соопштението на агенцијата.

Во извештајот се вели дека околу 55 отсто од вкупните објекти во Појасот Газа или вкупно 135.142 е проценката за оштетени станбени единици. мс/

фото: Анадолија

Остани поврзан