• сабота, 23 ноември 2024

ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години

ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години

Њујорк, 30 април 2024 (МИА) - Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани убојни средства во Газа може да потрае 14 години.

Според проценките на ОН, за време на војната низ Газа биле создадени 37,5 милиони тони урнатини, од кои повеќето биле од бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦА наведува дека околу два милиона луѓе или половина од населението на Газа нашле засолниште во Рафа. Тие имаат потешкотии да пристапат до основните потреби, како што се здравствената заштита, чиста вода и санитарни јазли.

Во извештајот на OЦA се додава соопштение од водоводните претпријатија од крајбрежните општини во Газа, во кое се предупредува дека водоводните и канализациските системи се блиску до целосен колапс. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан