• среда, 25 декември 2024

ОН: Најмалку 70 загинати во напад на вооружена банда на Хаити

ОН: Најмалку 70 загинати во напад на вооружена банда на Хаити

Порт-о-Пренс, 5 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 70 лица, меѓу кои десет жени и три деца, се убиени во напад на бандата Гран Гриф врз село на Хаити, соопштија вчера вечерта Обединетите нации.

Канцеларијата на ОН за човекови права во Женева соопшти дека членовите на бандата пукале во селото Понт-Сонде, по што запалиле четириесетина куќи и неколку десетици возила.

Премиерот на Хаити, Гари Конил, на платформата Х напиша дека станува збор за брутален напад врз невооружени луѓе.

Членовите на бандата Гран Гриф ги изненадија жителите во четвртокот во 3 часот по локално време и ги подложија на „неискажлива бруталност“, соопшти владата.

Владата најави дека ќе го зголеми присуството на безбедносните сили во регионот северно од главниот град Порт-о-Пренс.

Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера и со години е место на насилство од вооружени банди кои сега го контролираат поголемиот дел од главниот град. Насилството сега се прошири и во другите региони, пишува ДПА.сд/

фото:Х

Остани поврзан