• четврток, 26 декември 2024

ОН: Најмалку 600 луѓе делат еден тоалет во засолниште во Газа

ОН: Најмалку 600 луѓе делат еден тоалет во засолниште во Газа

Газа, 7 ноември 2023 (МИА) - Најмалку 600 луѓе делат еден тоалет во преполното засолниште на ОН во јужниот дел на Газа, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Околу 22.000 луѓе се засолниле во Кан Јунис Тренинг, центар на Агенцијата на ОН за помош и работи, каде што има само два метри квадратни за секое лице.

Тие се меѓу околу 717.000 луѓе во објектите обезбедени од агенцијата, од вкупно 1,5 милиони внатрешно раселени лица, соопшти Агенцијата на ОН.

Уште 122.000 луѓе се засолниле во болници, цркви и јавни згради.

Најмалку 40 отсто од болниците и 71 отсто од сите установи за примарна здравствена заштита во Газа престанаа да работат поради оштетување или недостиг на гориво.

Израелската армија вчера упати повици за евакуација до сите болници на северот, во некои случаи тврдејќи дека просториите ги користеле милитанти, соопшти Агенцијата. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан