• вторник, 24 декември 2024

ОН: Најмалку 11 наставници и 30 ученици од училиштата на ОН загинаа во Газа

ОН: Најмалку 11 наставници и 30 ученици од училиштата на ОН загинаа во Газа

Њујорк, 11 октомври 2023 (МИА) – Единаесет наставници во училиштата во Газа управувани од Обединетите нации и 30 ученици се убиени во насилството, соопштија ОН вечерва.

Според ОН, повредени се тројца наставници и осум ученици.

Најмалку 1.000 куќи во Газа се уништени, а 560 станаа непогодни за живеење, 220.000 луѓе бараат засолниште од воздушни напади, соопшти ОН.

Во Газа има 92 училишта на ОН полни со граѓани, бидејќи резервите на храна и вода се намалуваат, а некои вработени работат 24 часа на ден, соопштија ОН.

- На граѓаните им треба заштита, рече портпаролот на ОН Стефан Дужарик. „Сакаме да видиме хуманитарен коридор“.

ОН се во контакт со светските лидери за преминот во Египет, а генералниот секретар Антонио Гутереш телефонски разговарал и со израелскиот премиер. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан