• среда, 25 декември 2024

ОН: Иран постигна напредок во збогатувањето ураниум

ОН: Иран постигна напредок во збогатувањето ураниум
Њујорк, 17 август 2021 (МИА) - Во најновиот извештај на Агенцијата на Обединети нации за нуклеарна енергија се наведува дкеа Иран постигнал напредок во збогатувањето на ураниум. Иран работи на збогатување на ураниум и покрај предупредувањата на Западот дека тоа штети на преговорите за заживување на иранскиот нуклеарен договор со големите сили. Западните земји тврдат дека збогатениот ураниум може да се употреби за нуклеарна бомба, додека Техеран потенцира дека развива нов вид гориво за рекаторите. - Иран нема веродостојна потреба за производство на ураниум и треба да ја запре нуклеарната ескалација и да се врати на преговорите за целосно спроведување на нуклеарниот договор, истакна портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс. ми/

Остани поврзан