• среда, 25 декември 2024

ОН: Израелските сили лани убиле 42 палестински деца

ОН: Израелските сили лани убиле 42 палестински деца

Њујорк, 23 јуни 2023 (МИА) - Обединетите нации го обвинија Израел за убиство на 42 палестински деца во 2022 година, главно со боева муниција испукана од израелските сили, се наведува во внатрешен извештај на светската организација до кој дојде ДПА.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на чие барање беше подготвен извештајот, изјави дека е „длабоко загрижен“ не само од бројот на „убиени и осакатени“ деца, туку и од бројот на притворени деца од израелските сили.

Меѓутоас, нагласи дека е намален бројот на деца убиени од Израел. Бројот на малолетници осакатени во регионот минатата година бил 524 - 517 Палестинци и седум Израелци.

ОН не ги ставија израелските сили на списокот на ОН на организации кои вршат сериозни злосторства врз децата во вооружени конфликти. Според дипломатите, САД вршеле силен притисок врз меѓународната организација со цел оценката на извештајот на ОН да биде што поумерена.

Веќе подолго време безбедносната ситуација во Израел и на палестинската територија е тензична. Палестинците постојано се убиваат во израелските воени операции, додека Израелците се убиени во палестинските напади. сд/

Остани поврзан