• понеделник, 18 ноември 2024

ОН: Израелската армија го „отсече“ северниот дел на Газа од остатокот од Газа

ОН: Израелската армија го „отсече“ северниот дел на Газа од остатокот од Газа

Женева, 15 октомври 2024 (МИА) – Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека израелската армија целосно го „отсекла“ северниот дел на Газа од остатокот од Појасот Газа, пишува Гардијан.

- Поради интензивните непријателства и наредбите за евакуација во северниот дел на Газа, семејствата се соочуваат со незамислив страв, губење на најблиските, конфузија и исцрпеност, се вели во соопштението на Адријан Цимерман, шеф на подделегацијата на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа.

Како што изјави Цимерман за Гардијан, жителите на Газа, вклучително и болните и инвалидите кои не можат да заминат, мора да бидат заштитени со Меѓународното хуманитарно право. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан