• сабота, 28 декември 2024

ОН загрижени од смртната казна за странски доброволци во Доњецка област

ОН загрижени од смртната казна за странски доброволци во Доњецка област
Вашингтон, 10 јуни 2022 (МИА) - ОН денеска изразија загриженост поради смртните казни изречени од проруските милитанти до двајца британски и еден марокански војник, кои се бореа на страната на Украина и беа заробени од руските војници за време на борбите. -Управата на Врховниот комесаријат за човекови права на ОН (УНХЦР) е загрижена од тоа што таканаречениот врховен суд на самопрогласената „Доњецка народна република“ изрече смртна казна за тројца војници, изјави Равина Шамдасани, портпарол на УНХЦР. -Од 2015 година, ние набљудуваме како таканаречената судска власт во самопрогласените републики во источна Украина не почитува основни гаранции за праведен судски прогон, како јавни сослушувања, независност, непристрасност на судовите и доброволно давање искази. Таквите процеси на заробени војници се еднакви на воено злосторство, истакна Шамдасани. Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, денеска на Твитер напиша дека пресудата за двајцата Британци, осудени на смртна казна од суд на сепаратистичка република на истокот од Украина е нарушување на Женевската конвенција. Таа ова го кажа по разговорот со министерот за надворешни работи на Украина, Димитриј Кулеба, на кој се разговараше за напорите за ослободување на британските воени заробеници. Според Русија, двајцата Британци и Мароканецот заробени за време на служба во составот на војската на Украина се „наемници“. Од руското МНР укажаа дека Лондон треба да се обрати до властите на таканаречената ДНР за судбината на двајцата Британци. Русија е единствена земја членка на ОН која ја признава независноста на ДНР, која се наоѓа на територијата на Доњецка област, дел од Украина. кб/

Остани поврзан