• среда, 25 декември 2024

ОН: До 5,3 милиони луѓе во Сирија можеби останаа без покрив над главата

ОН: До 5,3 милиони луѓе во Сирија можеби останаа без покрив над главата

Дамаск, 10 февруари 2023 (МИА) – До 5,3 милиони луѓе можеби останаа без покрив над главата во Сирија поради земјотресот, изјави Сиванка Данапала, претставник на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) за Сирија.

Тој процени дека 5,37 милиони луѓе низ Сирија биле погодени од земјотресот и оти ќе им треба засолниште.

- Тоа е огромна бројка, и тоа кај населението кое веќе страда од масовно раселување. За Сирија ова е криза во криза, нагласи Данапала. јт/

Остани поврзан