• четврток, 26 декември 2024

ОН документираа 26 напади врз жителите на Појасот Газа кои чекаа да добијат хуманитарна помош

ОН документираа 26 напади врз жителите на Појасот Газа кои чекаа да добијат хуманитарна помош

Њујорк, 19 март 2024 (МИА) - Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања документирала 26 напади врз жителите на Појасот Газа кои чекале да добијат хуманитарна помош. Случаите се регистрирани од јануари, а извештајот го објави прес-центарот на светската организација во четвртокот.

ОН не обвинуваат ниту една земја за многуте напади врз луѓето кои чекаат хуманитарна помош.

Израел, кој воведе „тотална блокада“ на Појасот Газа по нападот на 7 октомври од страна на палестинската исламистичка група Хамас, рече дека е посветен на добивање што е можно поголема помош во Газа и го обвини персоналот на ОН и логистиката за доцнење на испораката. 

Меѓу случаите документирани од Обединетите нации е нападот во четвртокот вечерта врз стотици Палестинци кои чекаа конвој камиони со помош на кружниот тек Ал Кувајт во градот Газа. 

-Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права на окупираните палестински територии изразува жалење за неодамнешниот бран на убиства на луѓе кои чекаа да пристапат до резервите за помош во Газа. Вечерта на 14 март, според Министерството за здравство на Газа, најмалку 20 лица а 155 се повредени откако пукале во толпата собрани да примат хуманитарна помош на кружниот тек на Ал Кувајт, се вели во извештајот на ОН објавен на 14 март.

Во извештајот се додава дека израелските сили негираа вмешаност во овој инцидент и рекоа дека сè уште го истражуваат случајот.

-Од 29 февруари, кога најмалку 118 лица беа убиени на кружниот тек Ал Наболси, отворените извори пријавија најмалку 10 други слични инциденти, во кои луѓето беа убиени или повредени додека чекале да добијат помош на кружните текови Ал Кувајт и Ал Наболси во градот Газа - главните влезови за хуманитарна помош во северниот дел на Газа, се вели во извештајот.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања го повторува својот повик за итен прекин на огнот и крај на нераскажаното страдање на невините цивили во Газа.

-Изборот на израелски методи и средства за водење војна доведе до хуманитарна катастрофа. Во својство на окупаторска сила, Израел има обврска да обезбеди, максимално можно, храна и медицинска нега за населението што одговара на неговите потреби. Доколку не е во можност да ги обезбеди, Израел има обврска да ги олесни активностите за хуманитарна помош, вклучително и со обезбедување на неопходните безбедносни услови за овие активности, се вели во извештајот на канцеларијата на ОН овој месец. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан