• вторник, 24 декември 2024

ОН: Девет членови на персоналот на УНРВА кои веројатно биле вклучени во нападот врз Израел ќе бидат отпуштени

ОН: Девет членови на персоналот на УНРВА кои веројатно биле вклучени во нападот врз Израел ќе бидат отпуштени

Њујорк, 5 август 2024 (МИА) - Девет вработени во Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНРВА) можеби биле вклучени во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и ќе бидат отпуштени, соопштија денеска Обединетите нации.

-За девет лица доказите беа доволни за да се заклучи дека можеби биле вмешани во нападите на 7 октомври, изјави заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак.

Десетина земји го прекинаа финансирањето на УНРВА, откако Израел упати обвинувања дека членови на организацијата учествувале во нападите на Хамас на 7 октомври минатата година, со кои започна војната во Газа. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан