• понеделник, 23 декември 2024

ОН ги поздравија германските ветувања на самитот на ОН за климатски промени

ОН ги поздравија германските ветувања на самитот на ОН за климатски промени

Њујорк, 30 ноември 2023 (МИА) – Обединетите нации го поздравија ветувањето од 200 милиони долари на Германија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на почетокот на самитот на ОН за климатските промени како „значајно“.

Како што пренесе ДПА, на првиот ден од самитот, Германија и ОАЕ соопштија дека ќе придонесат со по 100 милиони долари за помош на земјите кои се најмногу погодени од климатските промени.

- Ветувањата што ги видовме од Германија и од ОАЕ, кои се значителни, беа критични за да нè доведат таму каде што сме и да го усвоиме фондот за загуби и штети, рече портпаролот денеска во Њујорк.

Одлуката се смета за револуционерна. Покрај 200 милиони долари, САД, Јапонија, Британија и ЕУ исто така дадоа помали финансиски ветувања. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан