• среда, 18 декември 2024

ОН: Во Сирија најмалку 370.000 раселени поради актуелните судири

ОН: Во Сирија најмалку 370.000 раселени поради актуелните судири

Њујорк, 6 декември 2024 (МИА) - Најмалку 370.000 луѓе, главно жени и деца, се раселени поради судирите во Сирија од 27 ноември, соопшти вечерва портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.

„Од интензивирањето на судирите, најмалку 370.000 мажи, жени и деца, вклучувајќи 100.000 кои повеќепати ги напуштале своите домови, се раселени,“ изјави Дижарик.

Претходниот биланс на ОН укажуваше на 280.000 раселени лица. ссм/

фото: архива

Остани поврзан