• четврток, 26 декември 2024

ОН: Во Авганистан годинава загинале повеќе од 1.200 цивили

ОН: Во Авганистан годинава загинале повеќе од 1.200 цивили
Кабул, 27 јули 2020 (МИА) – Во Авганистан од јануари до јуни имало 1.282 цивилни жртви, а во истиот период се повредени уште 2.176 лица, се вели во извештајот на мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) објавен денеска. Во овие бројки се вклучени 340 убиени и 727 повредени деца. - Во време кога владата на Авганистан и Талибанците имаат историска можност да седнат заедно на преговарачката маса за мировните преговори, трагичната реалност е дека борбите продолжуваат нанесувајќи ужасна штета на цивилите секој ден, изјави Дебора Лајонс, специјалниот претставник за Авганистан на генералниот секретар на ОН. Во извештајот антивладините сили како Талибанците и Исламската држава се посочуваат како главна причина за жртвите, со 58 проценти од убиените цивили. Провладините сили се одговорни за 23 проценти од убиените или ранетите цивили. Сепак, овие бројки претставуваат пад од 13 проценти на бројот на смртни случаи и повредени пријавени во истиот временски период во 2019 година. јт/

Остани поврзан