• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ОН: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

ОН: Вештачката интелигенција ќе влијае на 40 отсто од работните места во светот

Женева, 4 април 2025 (МИА) – До 2033 година, вредноста на глобалниот пазар на вештачка интелигенција (ВИ) ќе порасне приближно 25 пати и ќе достигне 4,8 трилиони долари, што е приближно колку германската економија, а само технологиите за вештачка интелигенција ќе влијаат на 40 отсто од работните места ширум светот, се вели во новиот извештај на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).

Според извештајот, ширењето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми продуктивноста на трудот, но може да доведе и до значително зголемување на нееднаквоста меѓу развиените и земјите во развој.

- Автоматизацијата поврзана со вештачката интелигенција често ја зајакнува предноста на капиталот над работната сила, што може да ја зголеми нееднаквоста и да ја намали конкурентската предност на евтината работна сила во земјите во развој, додава УНКТАД. јт/

Фото: УНКТАД на Фејсбук

Остани поврзан