• недела, 10 ноември 2024

ОН бараат доказ дека ќерката на владетелот на Дубаи е жива

ОН бараат доказ дека ќерката на владетелот на Дубаи е жива
Њујорк, 19 февруари 2021 (МИА) - Обединетите нации побараа од Обединетите Арапски Емирати доказ дека принцезата Латифа, ќерката на владетелот во Дубаи, шеикот Мухамед, е жива.
Во видеата снимени од принцезата Латифа и испратени до пријателите, таа го обвини својот татко дека ја држи во заложништво во Дубаи, откако се обидела да избега во 2018 година, пренесува Би-Би-Си.
Ќерката на премиерот на ОАЕ и владетел на Дубаи исто така изјави дека се плаши за својата безбедност и животот.
„Не знам дали ќе го преживеам ова. Уморна сум од сè, не сакам да бидам заложник, само сакам да бидам слободна", рече таа тогаш.
Таткото на принцезата Латифа, шеикот Мухамед ибн Рашид ал Мактум, е еден од најбогатите владетели во светот. паг/
   

Остани поврзан