• сабота, 28 декември 2024

Ончев: Голден Арт е средина која нуди добри услови и одлична работна атмосфера за напредок на млади ракометари

Ончев: Голден Арт е средина која нуди добри услови и одлична работна атмосфера за напредок на млади ракометари

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Велешанецот Тоше Ончев во следните две години ќе биде член на ракометниот клуб Голден Арт.

 

По завршувањето на најуспешната сезона од своето формирање, клубот кој своите тренинзи и натпревари ги реализира во С.Ц „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, го промовира првото засилување за сезона 2023/24.

 

Станува збор за 26-годишниот Ончев, кој минатата натпреварувачка сезона ја почна во Охрид, каде поради сериозна повреда на коленото, предвреме ја заврши.

 

- Среќен сум што ќе бидам дел од екипа составена од млади македонски ракометари, колектив кој е препознатлив по добра работна атмосфера и во кој може да се напредува на техничко тактички план. Возраста на играчите и структурата дава за право да размислуваме дека со добра работа, сериозна конкуренција, давајќи се од себе ќе имаме можност да постигнеме добри резултати, одејќи чекор напред во однос на минатата година. РК Голден Арт го одбрав како клуб кој е препознатлив по тоа што овозможува добри услови за напредок на младите играчи и сигурен сум дека од година во година клубот ќе расте и ќе се развива на повисоко ниво, изјави Ончев.

 

Покрај Охрид, Ончев  има настапувано и за Вардар, во втората по квалитет лига во Франција, во Грција, за Работнички и  Тримо од Словенија. зс/

Остани поврзан