• недела, 24 ноември 2024

Онлајн-конференција „Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”

Онлајн-конференција „Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”
Скопје, 15 април 2021 (МИА) - Институтот за демократија во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска организира онлајн-конференција „Пристапниот процес на Севeрна Македонија кон ЕУ и улогата на Европскиот парламент”. Конференцијата, како што информираат организаторите, има цел да поттикне дискусија за улогата и учеството на законодавните домови во процесот на приклучување кон Европската Унија, со особен осврт на Собранието на Република Северна Македонија и неговиот однос со Европскиот парламент. Воведни обраќања ќе имаат Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија.  Поканети говорници на конференција се Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, Марион Валсман, заменик-претседавач на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, Александар Николоски, пратеник и претседател на Националниот совет за евроинтеграции и Владимир Билчик, член на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија.фф/хс/

Остани поврзан