Омчо од Босна е новиот најпопуларен „јутјубер“ на Балканот
- Освен тоа, Омчо ја има и „Fat TV“ - канал за странскиот пазар каде што го следат 3,77 милиони луѓе.
Бихаќ, 12 јануари 2021 (МИА) - Омер Надаревиќ - Омчо од Бихаќ, Босна и Херцеговина, достигна бројка од два милиони следачи на Јутјуб. Со тоа, тој стана најпознатиот „јутјубер“ на Балканот.
Освен тоа, Омчо ја има и „Fat TV“ - канал за странскиот пазар каде што го следат 3,77 милиони луѓе.
Според претпоставките на „Сошл блејд“ (Social Blade), Омчо така би заработувал милион и пол долари за еден месец. Податоците, сепак, треба да се земаат со резерва, бидејќи разликите во заработката на Јутуб на американскиот и европскиот пазар се големи.
Омчо е 35-годишен лик од реалните шоуа, од Бихаќ, кој со комедија се занимава веќе 20 години. си/сд/
https://youtu.be/vHka9SjE6i0