• петок, 27 декември 2024

Омаж за шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Омаж за шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Во Друштвото на писателите на Македонија, во соработка со Шпанската амбасада, денеска на пладне ќе се одржи омаж во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон.

Омажот е по повод двегодишнината од смртта на Падрон, кој беше добитник на „Златниот венец“ и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

За творештвото на Падрон ќе говори академик Влада Урошевиќ. Присутните ќе ги поздрави и Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ќе се обратат и претставник на Шпанската амбасада во Република Северна Македонија и сопругата на Падрон, Клеопатра Филипова.

Стихови од Хусто Хорхе Падрон ќе чита Ѓорѓи Калајџиев. мд/вг/

Фото: ДПМ 

Остани поврзан