• недела, 05 јануари 2025

Олмо не може да игра за шпанската репрезентација

Олмо не може да игра за шпанската репрезентација

Барселона, 2 јануари 2025 (МИА) - На проблемите на Дани Олмо им нема крај, за кои тој не е ни најмалку виновен. Тој се уште не е пријавен за настапи во Барселона, а тоа повлекува дополнителен проблем. Бидејќи не е пријавен за настапи во клубот, Дани Олмо не може да настапи ниту за шпанската репрезентација.

Иако во договорот има клаузула според која од 1 јануари може непречено да ја напушти Барселона доколку не биде пријавен за настап во клубот, сепак Олмо е на „Камп Ноу“. Се однесува како „состојбата да е редовна“, доаѓа на тренинзи и чека... Затоа што тоа е единственото нешто што може да го направи. Неговиот менаџер изјави дека Олмо не размислува за можноста да ја искористи клаузулата во договорот и да го напушти клубот.

Сепак, поради проблемите кои ги има Барселона, сега има проблеми и шпанската репрезентација.

-Се додека Олмо ја нема лиценцата што им се издава на пријавени играчи, тој не може да биде повикан во репрезентацијата. Затоа до крајот на јануари би требало да најде клуб кој би го регистрирал до крајот на сезоната или Барселона да најде начин да го регистрира што поскоро. Додека не се случи една од тие две работи, Олмо не може да игра за Шпанија, наведува „Мундо Депортиво“.

Единствена среќа во оваа ситуација е што репрезентациите немаат обврски и натпревари пред февруари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан