• четврток, 26 декември 2024

Оли Рен ќе се кандидира за претседател на Финска

Оли Рен ќе се кандидира за претседател на Финска

Хелсинки, 21 јуни 2023 (МИА) - Гувернерот на централната банка на Финска, Оли Рен, најави дека има намера да се кандидира за претседател на својата земја следната година, јавија британските медиуми.

Шеесет и едногодишниот Рен, кој е и член на Управниот совет на Европската централна банка, појасни дека доколку му биде одобрена кандидатурата, тој ќе замине на одмор и нема да учествува во изборната кампања како службено лице.

Пред да влезе во претседателската трка, неговата кандидатура мора да собере 20.000 потписи.

-Ако, се надевам, бидам номиниран за претседателски кандидат, ќе се пријавам за отсуство, рече Рен на прес-конференција.

Пека Хависто, кој од вчера повеќе не е министер за надворешни работи на Финска по инаугурацијата на новата влада, неодамна најави и дека ќе се кандидира за претседател.

Според финскиот Устав, една од главните овластувања на финскиот претседател е во надворешната политика и безбедносната политика.

Во април, Хелсинки го смени својот традиционален надворешнополитички курс на неутралност и се приклучи на НАТО. Причината за радикалната промена беше руската инвазија на Украина. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан