• вторник, 12 ноември 2024

Олимпијадата во Париз најверојатно без руски и белоруски спортисти

Олимпијадата во Париз најверојатно без руски и белоруски спортисти
Париз, 12 јули 2022 (МИА) – Меѓународниот олимписки комитет (МОК) не ја исклучи денеска можноста на Олимписките игри 2024 во Париз да им биде забранет настап на спортистите од Русија и Белорусија поради инвазијата врз Украина. - Ќе мораме да донесеме одлука за тоа што ќе се случува со секоја од овие две држави, а мојата претпоставка е дека општиот впечаток ќе биде оти не треба да им биде дозволено да се натпреваруваат во Париз, изјави членот на МОК, Крег Риди за британските медиуми. Првиот човек на МОК, Томас Бах, претходно во мај рече дека настапот на Русија сè уште е нејасен. Од спортовите кои се на олимписката програма, Русите и Белорусите имаат дозвола за настап само во велосипедизам, џудо и тенис. Риди, од своја страна, додаде оти се сомнева дека дури и на спортистите од овие спортови ќе им биде дозволен настап на олимписките квалификации. ег/паг/

Остани поврзан