• среда, 13 ноември 2024

Олимписките организации против парични награди за злато во Париз

Олимписките организации против парични награди за злато во Париз

 

Женева, 19 април 2024 (МИА) – Олимписките спортски организации денеска ја критикуваа Светската атлетика, која на спортистите им вети парична награда во износ од 50.000 долари за секој освоен златен медал на Игрите ова лето во Париз.

Одлуката на Светската атлетика и нејзиниот претседател Себастијан Коу се коси со традицијата, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) не им исплатува награди на спортистите, иако владите на нивните земји или Олимписките комитети можат да го сторат тоа.

„Според многумина, овој потег ги поткопува олимписките вредности и уникатноста на Игрите“, соопшти Меѓународната асоцијација на летните олимписки федерации.

Реакцијата доаѓа откако поранешниот двократен олимписки првак на 1.500 метри, Коу, им вети на спортистите вкупен фонд од 2,4 милиони долари или 50.000 долари за секој од 48-те златни медали што ќе бидат доделени на атлетските натпревари во Париз. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан