• недела, 06 октомври 2024

Оливер Кан: Лихт е човек кој има одиграно лидерска улога во сите негови тимови

Оливер Кан: Лихт е човек кој има одиграно лидерска улога во сите негови тимови
Минхен, 19 јули 2022 (МИА) - Оливер Кан, извршниот директор на Баерн Минхен, го искоментира трансферот на Матијас де Лихт од Јувентус. - Матијас де Лихт импресионира не само со неговите квалитети како играч, туку, исто така, тој е човек кој има одиграно лидерска улога во сите негови тимови. Тој е научен да презема одговорност уште како дете. На силен тим му треба повеќе од силен напад. Благодарение на овој трансфер, ја засиливме нашата одбрана на највисоко ниво, изјави поранешниот голман за официјалната веб-страна на клубот. Германските медиуми објавија дека Баерн потрошил 10 милиони евра за 22-годишниот дефанзивец, а Јувентус би можел да добие дополнителни 10 милиони евра бонуси, во зависност од перформансот на холандскиот интернационалец. Де лихт дојде во Јувентус од Ајакс во 2019 година. ар/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан