• четврток, 13 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Оливера го продолжи договорот со Наполи

Оливера го продолжи договорот со Наполи

Неапол, 4 март 2025 (МИА) – Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Матијас Оливера ќе продолжи да настапува за Наполи.

Прес-службата на наполитанците, соопшти дека 27-годишниот фудбалер го продолжи договорот со тимот до јуни 2030 година.

Оливера дојде во Наполи во 2022 година. Вкупно за клубот одигра 90 натпревари, постигнувајќи три гола и седум асистенции.

По 27 кола од актуелната сезона во Серија А, Наполи е на второто место во поредокот со 57 бодови. Тимот на Антонио Конте заостанува еден бод зад лидерот Интер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан