• четврток, 26 декември 2024

ОЛАФ: Земји од ЕУ пријавија дека посредници им нудат вакцини

ОЛАФ: Земји од ЕУ пријавија дека посредници им нудат вакцини
Брисел, 25 февруари 2021 (МИА) - Неколку земји од Европската унија известија дека наводни посредници им понудиле 900 милиони дози вакцини против Ковид-19, со вкупна цена од околу 12,7 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата за борба против измами - ОЛАФ. Како што пренесуваат странските агенции, ОЛАФ на почетокот на овој месец започна истрага за измами со вакцини, бидејќи Европската унија се соочува со зголемен ризик од измами во земјите во оваа област. Фармацевтските компании истакнуваат дека тие продаваат вакцини само на владите директно. паг/  

Остани поврзан