• среда, 25 декември 2024

Оксфорд ќе ја отстрани статуата на колонијалистот Сесил Роудс

Оксфорд ќе ја отстрани статуата на колонијалистот Сесил Роудс
Оксфорд, 19 јуни 2020 (МИА) - Колеџот Ориел при Универзитетот Оксфорд, со мнозинство гласови одлучи статуата на англискиот колонијалист Сесил Роудс да биде отстранета. Колеџот каде што се наоѓа паметникот на рударскиот тајкун од 19. век, соопшти и дека ќе има независна истрага за клучните прашања околу статуата. „И двете одлуки беа донесени по долга и внимателна дебата и размислување и, со целосна свесност за влијанието што истите веројатно ќе го имаат во Велика Британија и во целиот свет“, се вели во соопштението. Овој потег доаѓа по големиот протест под слоган „Роудс мора да падне“ на 9 јуни, што пак беше инспириран од демонстрациите во САД против расизмот.  си/сд/

Остани поврзан