• среда, 25 декември 2024

„Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа

„Оксфам“: Порасна бројот на предвремено родени бебиња во Појасот Газа

Газа, 23 ноември 2023 (МИА) - Бројот на предвремено родени бебиња по израелската опсада на Појасот Газа се зголеми за речиси една третина во изминатиот месец, бидејќи мајките се подложени на зголемен стрес и траума, соопшти британската добротворна организација „Оксфам“.

Десетици предвремено родени бебиња се најдоа на насловните страници оваа недела откако беа спасени од болница во северниот дел на Газа и префрлени во Египет откако локацијата беше под израелско бомбардирање.

„Џузор“, партнерска организација на Оксфам што помага на стотици бремени жени во Газа, соопшти дека бројот на предвремено родени бебиња се зголемил за 25 до 30 отсто во изминатиот месец.

Предвремено родените бебиња се поподложни на болести, а „Џузор“ објави дека најмалку едно новороденче починало во секое од 13-те засолништа за раселени лица во северниот дел на Газа во изминатиот месец.

Дури и пред актуелниот конфликт, имаше високо ниво на смртност на деца во Газа. Смртните случаи на новороденчиња сочинуваат 68 проценти од вкупните смртни случаи, според Светската здравствена организација.

фото: МИА архива

Остани поврзан