• сабота, 23 ноември 2024

Околу 600 странски полицајци ќе бидат испратени во Германија за ЕВРО2024

Околу 600 странски полицајци ќе бидат испратени во Германија за ЕВРО2024


Берлин, 13 јуни 2024 (МИА) – Речиси 600 странски полицајци ќе бидат испратени во Германија на Европското фудбалско првенство, кое почнува в петок.
Германското Министерство за внатрешни работи објави денеска дека 350 полицајци од странство ќе ѝ помагаат федералната полиција во борбата против криминалот и хулиганството, додека уште 230 ќе бидат стационирани во Центарот за меѓународна полициска соработка во Нојс во западна Германија.
Службениците за спроведување на законот се од сите земји кои учествуваат на ЕВРО2024, а ќе бидат лоцирани на железнички станици, во возови, на аеродроми и на границите.
Главниот фокус е на „деескалација и комуникација“, се вели во соопштението на германското МВР.
„Ние се вооружуваме против сите можни опасности: од исламистички терор до насилници и хулигани“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер.
Се очекува на натпреварите на ЕВРО2024 да присуствуваат вкупно 2,7 милиони навивачи на стадионите.
Повеќе од 22 илјади полицајци дневно ќе бидат ангажирани околу организацијата на ЕВРО2024. Кое ќе биде отворено утре со дуелот меѓу домаќинот Германија и Шкотска. ег

 

Остани поврзан