• вторник, 24 декември 2024

Околу 40 ракети истрелани од Либан кон Израел

Околу 40 ракети истрелани од Либан кон Израел

Тел Авив, 19 ноември 2024 (МИА) - Околу 40 ракети беа истрелани денеска од Либан кон Израел, соопштија израелските вооружени сили, четири лица се полесно повредени, соопшти службите за итни случаи.

-Околу 5 ракети ја погодија рамнината Шарон и областа Тел Авив, околу 25 во Галилеја и 10 други во северниот дел на регионот. Сите беа лансирани од Либан, се вели во соопштението.

Сирените за воздушен напад се вклучиле, а вооружените сили соопштија дека „некои проектили биле пресретнати, а други паднале во ненаселени области“.

-Четири лица се полесно повредени во рамнината Шарон од скршено стакло, изјави Маген Дејвид Адом, портпарол на израелската служба за брза помош.

Претходната вечер, една жена беше убиена во северен Израел по ракета, а неколку луѓе беа повредени во предградие на Тел Авив по ракетниот истрел од Либан. Според армијата, Хезболах истрелал сто ракети врз северен Израел, додека израелската авијација продолжила со нападите врз Бејрут.

УНИЦЕФ денеска предупреди дека повеќе од 200 деца се убиени, а 1.100 се повредени во Либан во изминатите два месеци. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан