• среда, 13 ноември 2024

Околу 40 оштетени сателити навлегуваат во орбитата на Земјата

Околу 40 оштетени сателити навлегуваат во орбитата на Земјата
Вашингтон, 9 февруари 2022 (МИА) - Геомагнетната бура сериозно оштети 40 од 49 микросателити поврзани со „СтарЛинк“ (StarLink) во сопственост на „Спејс Икс“ (SpaceX), лансирани во орбитата на Земјата на 3 февруари, поради што тие неконтролирано се спуштаат од орбитата и може да навлезат во атмосферата, соопшти компанијата што е во сопственост на Илон Маск. Прелиминарните анализи покажуваат дека зголемениот отпор на мали височини ги спречил сателитите да влезат во орбитата, а до 40 сателити повторно ќе влезат или веќе влегле во атмосферата на Земјата, соопшти „СпејсИкс“. Сателитите што минатата недела беа лансирани беа распоредени во орбита на само 210 километри над Земјата. ми/

Остани поврзан