• вторник, 24 декември 2024

Околу 300 спасени мигранти се симнаа во јужно италијанско пристаниште

Околу 300 спасени мигранти се симнаа во јужно италијанско пристаниште
Рим, 22 октомври 2022 (МИА) – Околу 300 мигранти денеска се симнаа во јужното италијанско пристаниште Таранто, откако беа спасени од морето во пет различни операции со хуманитарен брод управуван од меѓународната невладина организација Лекари без граници. Половина од 293-те спасени патници биле малолетници без придружба, соопштија операторите на мисијата. Лекарите без граници објавија на Твитер дека мажите, жените и децата се соочиле со „мачни патувања, малтретирање и притворање во Либија“ пред да тргнат преку Средоземното Море. Тие беа спасени во меѓународни води во близина на Либија и Малта. Според спасувачите, најголем дел од мигрантите биле од Гамбија, Египет и Либија. Италијанските власти им дозволија на мигрантите да се симнат во пристаништето Таранто во југоисточниот дел на земјата девет дена по првото спасување. јт/

Остани поврзан