• среда, 25 декември 2024

Околу 250 мостри пристигнаа на оценување за „Ракијада 2023" во Кавадарци

Околу 250 мостри пристигнаа на оценување за „Ракијада 2023
Кавадарци, 9 април 2023 (МИА) - Околу 250 мостри пристигнаа на оценување во рамките на фестивалот „Тиквешка ракијада 2023" во Кавадарци, организиран од  Здружението на производители и мали дестилерии за жестоки алкохолни пијалоци, „Ж"та“, во соработка со кавадаречката локална самоуправа и Вински музеј, информираше попладнево за МИА, Панче Арсовски, претседател на „Ж'та". 
 
Тој соопшти дека пристигнале мостри од македонски производители но и од Србија, Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција. Оценувањето започнува утре, а фестивалот ќе се одржи на 24 мај во музејот, со музички хепенинг и дегустирање на производи од грозје. 
 
На натпреварот за најдобри ракии, свои мостри можеа да испратат регистрирани мали дестилерии и индивидуални производители. Има неколку категории за оценување. Лозова жолта до три години, лозова жолта постара од три години, лозова бела, мастика, овошни ракии од слива,  дуња,  кајсија,  крушка,  вишна, ликери и останати ракии, траварици, џин, од други овошја. За над седум мостри од одреден тип ракии, се формира посебна категорија за оценување. 
 
- На сите учесници се доделувааат дипломи со постигнати резултати и златни, сребрени и бронзени медали според пласманот, како и златни, сребрени и бронзени пехари за првите три најдобро пласирани од секоја категотија, голем златен пехар за севкупен победник за најдобри резултати во повеке категории и главната награда, казан за ракија. Оценувањето ќе го врши стручна петчлена комисија под раководство на професор доктор Нинослав Никиќевиќ и професор доктор Михаил Петков, појасни Арсовски.свд/бт/

Остани поврзан