• вторник, 12 ноември 2024

Околу 200 Британци и уште 50 државјани на ЕУ утре се евакуираат од Вухан

Околу 200 Британци и уште 50 државјани на ЕУ утре се евакуираат од Вухан
Лондон, 30 јануари 2020 (МИА) – Во авионот со кој утре од Вухан ќе бидат евакуирани британски државјани ќе има и околу други 50 луѓе, претежно од земјите на ЕУ, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. Шпанското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека на летот ќе има околу 20 Шпанци. Предвидено е авионот да слета во кралската воздухопловна база во западниот дел на Англија и потоа да го продолжи патот кон Шпанија. Британските државјани денеска требаше да бидат евакуирани од Вухан, жариштето на епидемијата на новиот коронавирус. Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб изјави дека Лондон добил потврда од кинеските власти дека авионот во кој се наоѓаат британски државјани може да замине од аеродромот во Вухан утре во пет часот по локално време. Се работи за 200 британски државјани, а Би-Би-Си јави дека доцнењето е затоа што се чекала дозвола од кинеските власти. „Бритиш ервејс“ објави дека ги прекинува летовите кон Кина до 29 февруари. јт/

Остани поврзан