• четврток, 26 декември 2024

Околу 20 кубика песок и земја извадени од реката Луда Мара

Околу 20 кубика песок и земја извадени од реката Луда Мара
Кавадарци, 17 јануари 2022 (МИА) - Околу 20 кубика песок и земја се извадени денеска од реката Луда Мара во центарот на Кавадарци, која го дели градот на два дела. За ова попладнево информираше за МИА, Петар Камчев, раководител на сектор за комунална хигиена при кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец".
Камчев појасни дека расчистувањето на реката е од еколошки аспект. Истовремено, додаде, реката се исчисти и во пресрет на верскиот настан „Богојавление-Водици", за фрлање на светиот крст во реката во среда на 19 јануари, од градскиот мост на улицата „7- ми Септември". свд/фф/

Остани поврзан