• среда, 13 ноември 2024

Околу 14 милиони гледачи го следеа крунисувањето на британскиот крал на каналите на Би-Би-Си

Околу 14 милиони гледачи го следеа крунисувањето на британскиот крал на каналите на Би-Би-Си

Лондон, 7 мај 2023 (МИА) - Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети во саботата го следеа околу 14 милиони гледачи на Би-Би-Си, што укажува на многу помал број во споредба со крунисувањето и погребот на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Околу 13,4 милиони гледачи, од вкупно 67 милиони жители во Велика Британија, ја следеа церемонијата на крунисувањето на двата главни канали на Би-Би-Си.

Таа бројка се искачи на повеќе од 14 милиони во времето кога беше поставена круната на 74-годишниот крал, објави денеска прес-службата на британската телевизиска мрежа.

Останатите канали не ги соопштија своите податоци, но на Би-Би-Си отпаѓа голем дел од публиката за ваков тип настани.

За погребот на Елизабета Втора во септември минатата година, просечната публика беше повеќе од 26 милиони гледачи, вклучувајќи 18,5 милиони на Би-Би-Си.

Нејзиното крунисување во 1953 година, првото што беше телевизиско, го гледале 27 милиони луѓе во Велика Британија, според Бакингемската палата, а погребот на принцезата Дијана го следеа 32 милиони. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан