• недела, 24 ноември 2024

Околу 10 отсто од населението на Сејшелите се зависници од хероин

Околу 10 отсто од населението на Сејшелите се зависници од хероин

Викторија, 6 март 2023 (МИА) - Околу 10 отсто од населението на тропската островска држава Сејшели се зависници од хероин. Владата предупредува дека тука веќе станува збор за епидемија.

Извештај на Би-би-си посочува дека дури и затворањето на зависниците од хероин не ги штити од дрогата што ја има во изобилство и е прилично лесно достапна. А, бројот на зависници е толку голем, што властите веќе мораат да увезуваат и странски работници за работата што околното население во голема мера не може да ја работи.

Според последните податоци, оваа островска држава има околу 100.400 жители.

И претседателот на Република Сејшели, Вавел Рамкалаван признава дека ситуацијата со дрогата е многу лоша.

- Кога станува збор за потрошувачката на хероин по глава на жител, во мигов Сејшелите се на прво место во светот. Тоа не е статистика што ме радува лично, изјави Рамкалаван.

Хероинот до Сејшелите најмногу доаѓа од Иран, на чамци што пловат низ огромната морска ширина во Индискиот Океан. Со повеќе од милион квадратни километри територијални води околу Сејшелите, криумчарите имаат лесен пристап до оваа островска држава.  си/сд/

Остани поврзан