• недела, 24 ноември 2024

ОИ: САД со најмногу златни медали

ОИ: САД со најмногу златни медали

 

Париз, 6 август 2024 (МИА) – Единаесеттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Париз донесе смена на врвот на најуспешните нации и водство на САД пред Кина.

Американските спортисти од почетокот на Игрите во Париз освоија 24 златни медали, два повеќе од Кина.

Австралија е на третото место со 14 златни одличја, а домаќинот Франција на четвртото место со еден златен медал помалку.

Табела:

САД 24-31-31 (86)

Кина 22 – 20-16 (58)

Австралија 14 – 12-9 (35)

Франција 13-16-19 (48)

Велика Британија 12-15-19 (46). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан