• сабота, 31 август 2024

ОИ: САД рутински го совладаа Бразил за кошаркарско полуфинале

ОИ: САД рутински го совладаа Бразил за кошаркарско полуфинале

 

Париз, 6. август 2024 (МИА) – Кошаркарската репрезентација на САД е последниот патник во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, откако вечерва без проблеми триумфираа над Бразил со 122:87 (33:21, 30:15, 31:35, 28:16).

Американскиот тим до победата го предводеше Девин Букер со 18 поени, Ентони Едвардс постигна 17, а Џоел Ембиид постигна 14 поени со седум скокови.

Во победата придонесоа Ентони Дејвис со 13 поени и осум скока, Леброн Џејмс со 12 поени и девет асистенции, а Кевин Дурент со 11 поени стана најдобар стрелец во историјата на американската репрезентација.

Во бразилскиот тим најдобар беше Бруно Кабокло со 30 поени и шест скокови.

Противник на САД во полуфиналето ќе биде Србија, додека во втората полуфинална пресметка ќе играат актуелниот светски првак Германија против домаќинот Франција. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан