• вторник, 24 декември 2024

ОИ: Поставен нов рекорд, продадени 8,6 милиони влезници

ОИ: Поставен нов рекорд, продадени 8,6 милиони влезници

Париз, 11 јули 2024 (МИА) - Олимписките игри (ОИ) во Париз веќе поставија нов рекорд: 8,6 милиони продадени билети две недели пред почетокот.

Претходниот рекорд од 8,3 милиони продадени билети во тоа време го држеше Атланта, домаќин на Игрите во 1996 година.

„Имаме 8,6 милиони продадени билети за Олимпијадата, плус милион за Параолимписките игри“, изјави за француските медиуми, шефот на организацискиот комитет, Тони Естанге.

Организаторите на Олимпијадата во Париз планираат да продадат 10 милиони влезници за Игрите, кои ќе траат од 26 јули до 11 август, и 3,4 милиони за Параолимписките игри од 28 август до 8 септември. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан