• петок, 27 декември 2024

Означен почетокот на регионалниот проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“

Означен почетокот на регионалниот проект „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“

Дебар, 23 јуни 2023 (МИА) - Со промоција одржана во просториите на бањскиот локалитет „Дебарски Бањи Цапа“, во село Долно Косоврасти, Дебар денеска официјално започна реализацијата на проектот „Интегрирано управување со шумите долж сливот на реката Дрим“.

Проектот, како што беше речено, го спроведуваат ЦНВП Скопје, заедно со ЦНВП Албанија, Црна Гора и Косово во партнерство со ICEP – Асоцијација за глобален развој, финансиран од Австриска агенција за развој (ADA), со средства на Австриската развојна соработка.

Период на реализација на проектот е од 22 декември 2022 до декември 2025 година.

Активностите во Северна Македонија претежно ќе се реализираат по течението на реката Дрим околу Струга и Дебар. Целта на проектот е да подигне интегрирано управувањен со шумите долж реклата Дрима, што придонесува за ублажување на климатските промени и одржлив развој. Воедно ќе даде придонес кон еколошки и економски придобивки за локалните заедници во Дебар и Струга преку зголемно знаење и имплемнтација на интегрирано управување со шумите (ИФМ).

На промотивниот настан пред општините, локалната заедница, граѓанските организации, експерти од сектор шумарство, како и претставници од академската фела со поздрвани зборови се обрати Неџат Рамадани, директор во Северна Македонија на CNVP, Вјолца Бериша, заменик министерка при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Христина Оџаклиеска, заменик министерка при Министерство за животна средина и просторно планирање.

Пред присутните беа презентирани и карактеристиките и целите, како и очекуваните резултати на проектот.

Во поздрваниот говор Рамадани сподели дел од очекуваните резултати а тоа се пошумување и обнова на шест хектари земја со засадување на 7.500 дрвја, подршка за развој на десет бизнис планови, доделување на грантови, вкупна финанисска поддршка од 50 илјади евра, обука за локални шумски работници, поддршка за образованието преку обука на ученици и наставен кадар, подготовка на студии и слично.

-Проектот што не собра сите нас иам за цел да придонесе во справување со климатските промени, да промовира оддржливо управување со шумите како регионален економски развој во прекуграничното сливно подрачје на реката Дрим. Ние сите знаеме дека течението на реката Дрим има сериозни предизвици не само од природата толку од човечкиот фактор кој доведува до деградација. Овие притисоци доведуваат до уништивање на шумите покрај реката, загадување на површинските и подземните води, забрзана ерозија на почвата, губење на вредни екосистеми и биодиверзитет, почести и потешки поплави. Пристапот за интегрирано управување со шумите што ќе се користи со овој проект претставува обид да се балансираат еколошките, економските и социјалните аспекти во управувањето со шумите, рече Рамадани.

Заменик министерката Бериша нагласи дека во последните неколку децении во светот се повеќе се развива концептот на „одржливо управување со шумите“.

-Се смета дека одржливото управување со шумите може да придонесе за економски развој преку обезбедување приходи и вработување од една страна , како и социјални и еколошки придобивки од друга страна. Со одржливото одржување на шумите посебно се води грижа за зачувувањето на биолошката разновидност. Ние како министерство ја даваме подршката на овој проект и особено не радува дека ќе се пошумува во ерозивни подрачја по течението на реката Дрим и ќе се работи на развивање бизнис идеи кои ќе придонесат кон еколошки приходи за локалните заедници, рече меѓу другото Бериша.

Заменик министерката Оџаклиева рече дека треба да се потсетиме на светската пандемија на поплавите што се резултат на дивата сеча на сериозни подрачја, на пожарите кои минатата година уништија големи шумски површини, кои беа живеалита на многу ретки и ендемски видови.

-Затоа неопходно е заеднички да работите на спроведување на политиките на национално ниво, кои придонесуваат за зачувување и обновување на природните вредности во нашата земја. Министертвото за животна средина и просторно планирање дава поддршка за спроведување на овој проект и на самиот почеток на проектот сакам да истакнат дека реализација на вакви проекти не доближуваат до ЕУ, рече таа.

Позрадвувајќи го овој значаен настан градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука оцени дека проектот ќе придонесе кон социо-економски развој на заедницата, а ќе го намали и ризикот од ерозивните подрачја, со тоа што ќе се пошуми во Косоврасти.

-Општина Дебар е секогаш отворена за сорабтока и во целост ќе го поддржиме проектот. Слободно може да кажам дека во ЦНВП гледаме идни стартешки партнери, рече Дука.

Марјан Парталовски од ЈП„Национални шуми“ го поздрави почетокот на проектот оценувајќи го како многу значаен.

Беше потпишан и меморандум за соработка меѓу ЦНВП и општина Дебар. вт/дма/

Остани поврзан