• четврток, 26 декември 2024

Ози Озборн се обидел да ја убие сопругата

Ози Озборн се обидел да ја убие сопругата
Лос Анџелес, 9 септември 2020 (МИА) - Светски познатиот британски рокер Ози Озборн во новиот документарен филм под наслов „Биографија: Деветте животи на Ози Озборн“, раскажува како пред 30 години се обидел да ја убие неговата сопруга Шерон. Тие се в брак 38 години. - Тоа не е баш едно од моите најголеми достигнувања. Сè на што се сеќавам е дека се разбудив во затворот Амершам (Англија), па го прашав полицаецот: „Зошто сум овде?“ Тој ми рече: „Сакаш да ти го прочитам обвинението?“ Па, почна - „Џон Мајкл Озборн, Вие сте уапсен за обид за убиство...“, раскажува рокерот од „Блек Сабат“. Тоа се случило 1989 година. Шерон раскажува дека тоа се случило среде некој настап, имало голем метеж и оти Ози, просто, не бил при себе. - Само ми рече „Ние одлучивме дека ти треба да умреш“. Беше смирен. Многу смирен... И одеднаш почна да ме дави. Ме легна наземи и седна врз мене, се потсеќа Шерон. Според неа, на тој настан му претходеле неколку караници меѓу нив двајца. си/

Остани поврзан