• недела, 24 ноември 2024

Ози Озборн го откажа закажаниот настап на фестивалот „Пауер трип“ во САД

Ози Озборн го откажа закажаниот настап на  фестивалот „Пауер трип“ во САД

Лос Анџелес, 11 јули 2023 (МИА) - Британскиот рокер Ози Озборн одлучи да се повлече од закажаниот настап на американскиот фестивал „Пауер трип“ бидејќи неговото тело „едноставно сè уште не е подготвено“ за тоа. Озборн (74) вели дека бил оптимист откако му понудиле учество на фестивалот во Калифорнија, но сепак, не би можел да го издржи напорот.

Тој требаше да настапи на 7 октомври покрај австралискиот бенд „Еј-си-ди-си“, американскиот „Ганс ен роузис“ и „Ајрон мејден“ од Велика Британија. Во известувањето, Ози вели:

„Колку и да беше ова болно, морав да донесам одлука да се повлечам од 'Пауер трип' во октомври. Мојата првична намера и онака беше да се вратам на сцената летото 2024 година, а кога дојде понудава за овој настап, оптимистички прифатив. За жал, телото ми вели дека сѐ уште не сум подготвен за тој пофат. А, јас сум премногу горд за тој прв настап по скоро пет години да не биде каков што го сакам“.

Ози и во февруари објави дека засега ќе паузира од турнеите по операцијата на 'рбетот, бидејќи „не е физички способен“ за патување. По падот во неговиот дом 2019 година, тој ги влоши повредите што ги здоби во речиси смртоносната сообраќајна несреќа од 2003, прекинувајќи ги неговите настапи од турнејата „No More Tours 2“ ширум Обединетото Кралство и Европа.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан