• среда, 13 ноември 2024

Ози Озборн ги напушта САД

Ози Озборн ги напушта САД

Лос Анџелес, 29 август 2022 (МИА) - На „американскиот сон“ на Ози Озборн му се ближи крајот. Хеви-метал бендот „Блек сабат“ и реалното шоу „Озборнови“ му донесоа светска слава, но рокерот сега е подготвен да се врати во својата родна Англија.

Во ново интервју за „Обсервер“, 73-годишниот музичар го наведе оруженото насилство во САД како фактор во неговата одлука да замине. - Таму сѐ е смешно! Господ знае колку луѓе се застрелани во пукотници во училиштата. А, тука е и масовното пукање во Лас Вегас на тој концертот… Тоа е лудило!, изјави Озборн. Опкружен со здравствени проблеми последниве години - вклучително и дијагноза за Паркинсонова болест, две стафилокока-инфекции, пневмонија, Ковид-19 и, најново - операцијата во јуни за отстранување на металните плочи од исцрпувачкиот зафат околу 'рбетот во 2019 година. - Не сакам да умрам во Америка. Не сакам да бидам закопан во „шума“ со тревник (имајќи ги предвид сѐ погустите гробишта во Л.А., б.п.). Јас сум Англичанец!, додаде музичарот од Бирмингем, Велика Британија. Сопругата Шерон Озборн се согласува со рокерот. - Едноставно, време е. Америка се промени толку драстично... Ова воопшто не се Соединетите Американски Држави. Нема ништо „соединето“ околу тоа. Многу чудно место за живеење во мигов, изјави таа. Шерон, инаку, денес работи во Обединетото Кралство, откако лани беше отпуштена од ток-шоуто на „Си-би-ес“ - „Разговори“ по внатрешна истрага за нејзиниот спор во живо со другата водителка Шерил Андервуд. За време на несогласувањето, Шерон го бранеше британскиот водител Пирс Морган, чија критика кон Меган Маркл беше оценувана како е расистичка.  си/сд/

Остани поврзан