Од 2035 година ЕУ ќе престане со продажбата на нови возила со внатрешно согорување
- Советот на Европската Унија и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови автомобили и возила со мотор со внатрешно согорување, т.е
Брисел, 28 октомври 2022 (МИА) - Советот на Европската Унија и Европскиот Парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови автомобили и возила со мотор со внатрешно согорување, т.е. бензин и дизел, од 2035 година.
- Овој договор го отвора патот за современа и конкурентна автомобилска индустрија во ЕУ. Светот се менува и ние мора да останеме лидери во иновациите, изјави чешкиот министер за индустрија и трговија, Јозеф Сикела. Чешкото претседателство преговараше во име на 27-те земји-членки на ЕУ со претставниците на ЕП. Постигнат е договор за намалување на испуштањето јаглерод-диоксид од новите автомобили за 55 отсто и 50 отсто за камиони до 2030, во споредба со нивото од 2021 година. Според тоа, до 2035. треба да се постигнат нула емисии и за новите автомобили и за камионите. Договорот е дел од пакетот „Подготвени за 55 отсто“, со кој ЕУ си постави за цел намалување на нето-емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 отсто до 2030 година. си/сд/